Мистериозно: Бејл со чудно барање до Реал Мадрид – кога се враќа на теренот?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ѕвездата на Реал Мадрид, Герет Бејл се повреди во мечот против Хрватска, па поради тоа го очекува уште една пауза, а засега не е познато кога ќе се врати на теренот.

Шпанскиот новинар Еди Ажир вели дека Бејл имал специјално барање до Реал Мадрид да не објавува кога ќе се врати на теренот, па тоа е спротивно на однесувањето на шпанскиот клуб.

Не е јасно зошто Бејл не сака да се знаат информации за неговото враќање на теренот, па тоа останува нерешена мистерија во моментов.

Сепак, шпанските медиуми почнаа со шпекулациите кога би можел да се врати репрезентативецот на Велс на фудбалскиот терен, а наводно тоа е втори ноември, кога „кралскиот клуб“ игра против Бетис.