Невидено: Тенисер безмилосно удри судија со рекет (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Неверојатен инцидент се случи во мечот од второто коло од АТП челинџ-турнирот во Америка, кога тенисерот Мајкл Мох со рекет го удри линискиот судија и го повреди.

Мох губеше со 3-6 и 1-4 од Барбадос Даријан Кинг, а по излегувањето на мрежа Мох згреши, па тоа го налути, по што рекетот со сета сила го фрли кон несреќниот судија.

Линискиот судија од силината на ударот падна на теренот, по што мораше да му биде дадена медицинска помош.

Мох, секако, беше автоматски дисквалификуван од турнирот, а најверојатно ќе добие и долга суспензија од АТП турнејата поради неговиот непромислен потег на турнирот, за кој сигурно жали во моментов.