Модриќ го одбил Милан?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Италијанскиот „Тутуспорт“ објави дека Модриќ го одбил Милан, иако станува збор за клуб за кој навива уште од детството.

Договорот на Модриќ со Реал истекува на крајот на сезоната, а Кралевите бараат 20 милиони евра за него.

Тој се поврзува и со Интер, па затоа ќе биде многу интересно да се види каква ќе биде конечната одлука.

Неодамна, спортскиот директор на Милан, Звонимир Бобан изјави дека во клубот не се зборува многу околу тоа.

“Не размислувам за Модриќ, туку за натпреварите против СПАЛ и Лацио. Овие се далеку поважни работи отколку размислување за приказната за Модриќ што некој ја пласирал”, изјави Бобан пред натпреварите со СПАЛ и Лацио за Скај Спорт.

Модриќ оваа сезона има остварено само шест настапи во Ла Лига со еден погодок и две асистенции. Тој оствари два настапи во ЛШ.