Изречена пресудата за напаѓачот на Озил и Колашинац, неговата мајка хистерично бараше да му биде простено

Ешли Смит (30) заедно со Џордан Бортовер пробаа на крајот од јули оваа година да ги опљачкаат ѕвездите на Арсенал Месут Озил и Сеад Колашинац, но двоецот немаа на ум дека босанскиот дефанзивец со голи раце ќе се спротистави на вооружените напаѓачи, спасувајќи се себе, а пред се Озил кој го управуваше Мерцедесот во тој момент.

Крадците користеле украден мопед, имаа кациги и темна облека со цел да го сокријат својот идентитет, но на крајот беа уапсени.

Смит, еден од двајцата крадци има 30 години и веќе бил во затвор поради кривични дела.

Поради обид да ги украде луксузните часовници вредни 200.000 фунти од играчите на Арсенал. Смит е осуден на 10 години затвор, а неговата мајка урлаше, молејќи да му простат на нејзиниот син.

Нешто подоцна ќе му се суди и на неговиот соучесник за овој злочин, а во приликата на денешната пресуда, судијата му се обрати на Смит дека Колашинац бил неверојатно храбар што се испречил пред вооружените крадци.