Сари прозборе за Роналдо и Пјаниќ, еден на крајот отпадна


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Завршена е репрезентативната пауза, сега повторно се враќаме на клубскиот фудбал, но не и Кристијано Роналдо.

И покрај тоа што играше во натпреварите против Литванија и Луксембург за Португалија, Роналдо ќе ги одмори наредните натпревари во Јувентус.

Секако, новинарите беа премногу заинтересирани зошто Сари пред репрезентативната пауза го исклучи Роналдо на натпреварот против Милан. Тој потег предизвика многу реакции и многумина сметаат дека односот помеѓу Роналдо и Сари не е тој што беше.

„Помеѓу мене и него нема ништо негативно. Такви работи се случуваат и тие се сосема нормални“, изјави Сари.

Роналдо ќе го пропушти утрешниот натпревар во Серија А, но би требало да биде спремен за наредниот натпревар за во Лигата на Шампионите против Атлетико Мадрид.

Какви ги затекна играчите Сари по враќањето од репрезентативната пауза?

„Сеуште ги немам видено сите. Квадрадо се врати вчера. Накратко, ги затекнав баш такви како што е нормално да се вратат после репрезентативните обврски, сите се полни со ситни проблеми и мали тегоби. Данило не требаше да се изложува на напор бидејќи имаше период каде што не настапуваше поради повреда. За среќа, прегледите на Пјаниќ беа успешни и се заклучи дека со него се е под контрола и тој би требало да биде достапен за следниот натпревар“.

Јуве утре од 15 часот гостува во Бергамо кај Аталанта.