Покетино нема долго да одмори: Аргентинецот добива нов ангажман во Премиерлига?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


По лошиот старт на сезоната Маурицио Покетино доби отказ од Тотенхем, па така по пет години го напушти Лондон, а на негово место пристигна поранешниот тренер на Челси и Манчестер јунајтед, Жозе Мурињо.

Покетино сигурно сака да се врати на фудбалот наскоро, а наводно Баерн Минхен е заинтересиран, но на нив им оди добро и со помошникот Ханс Флик.

Поради тоа Покетино чека работа од Англија, а таму би можел да го добие кормилото на еден од англиските гиганти Манчестер јунајтед или Арсенал.

Управите на двата клуба не се задоволни од своите тренери Оле Гунар Солшер и Унај Емери, па наскоро Покетино би можел да преземе некој од нив.