Федерер ги откри плановите за 2020: Ќе игра на Ролан Гарос, но ќе пропушти неколку турнири


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер ќе ги пропушти следната сезона сите турнири кои се играат на земјена подлога освен Ролан Гарос.

Да потсетиме, Федерер на Ролан Гарос не играше во 2016, 2017 и 2018 година, а кога се врати оваа година многумина мислеа дека ќе биде негово збогување од Париз.

Швајцарецот открива дека на турнирот, кој го освои само еднаш во кариерата, ќе се појави и следната сезона.

„Во 2016 година имав проблеми со коленото и пробав да играм малку на земја, па се повлеков од Ролан Гарос. Потоа не играв воопшто. Морав да го оперирам коленото и да се вратам дури во 2017 година. Почуствував дека тоа не е година за земјена подлога, зашто се грижев како ќе реагира коленото меѓу бетонот, земјата и тревата и различните континенти на кои се игра“, порача Федерер.