Покетино за прв пат се огласи во јавноста по неговото заминување од Тотенхем


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Сега веќе поранешниот тренер на Тотенхем, Маурисио Покетино објави соопштение поврзано со неговото отпуштање од позицијата во клубот од Лондон.

Аргентинецот им се заблагодари на сите во Тотенхем за неверојатните пет и пол години поминати заедно.

„Би сакал да им се заблагодарам на Џо Луис и Даниел Леви затоа што ми дадоа можност да бидам дел од историјата на Тотенхем. Сакам да им се заблаогдарам исто на сите кои ги запознав во Тотенхем, сите вработени и сите играчи со кои поминав овие пет и пол години. За крај сакам да ги спомнам навивачите кои го прават овој клуб величенствен со нивната поддршка. Го дадов максимумот да ги исполнам целите кои ми беа поставени на нашата прва средба. Имаше тешки предизвици по кои уживавме во успесите. Се најдобро во иднина“ –напиша Покетино.