Михајловиќ зборуваше за можната преселба на Ибра: Ако тоа го направи поради мене…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тренерот на Болоња, Синиша Михајловиќ денеска одржа емотивна прес-конференција за новинарите, а целта му беше да ја запознае јавноста со неговата здравствена состојба и тешките моменти низ кои поминува.

Новинарите ги интересираше и за преселбата на Ибрахимовиќ во Болоња, за што се зборуваше претходните недели на Апенините.

„Заинтересиран е, се слушнавме пред еден месец. Ако дојде во Болоња, ако го направи тоа поради нас, пријателството ќе пресуди. Се сложивме да ме извести, без разлика дали доаѓа или да реши да замине на друго место. Тој има многу понуди“, порача Михајловиќ.

Не е исклучена можноста во зимскиот преоден рок Ибра на крајот да заврши токму во Болоња, која се наоѓа на 15. место во Серија А.