Мурињо им се „закани“ на противниците: Во февруари ќе бидеме страшни!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


На Португалецот му треба уште малку време да ги склопи сите коцки Жозе Мурињо, кој неодамна го превзема Тотенхем после отказот на Маурицо Покетино од овој клуб.

Португалецот пристигна во тимот кој се наоѓаше во голема криза и каде имаше неколку играчи кои беа незадоволни со својот статус во тимот. Сепак, Мурињо донесе промена кај Спарсите кои сега играат навистина подобро, но дефинитивно ќе треба да помине уште малку време додека работите не си дојдат на место.

Тоа го потврди и 56-годишниот стручњак после поразот од Баерн во Лигата на Шампионите. „Знам дека сме земја која минува низ луд период за време на Божиќ и тоа често влијае врз фудбалерите, врз тимовите и нивниот статус.“

„Но до февруари подобро ќе ги разбирам моите играчи, а и тие ќе ме разбираат мене. Во февруари ќе бидеме страшни“, рече Мурињо.

Тотенхем моментално се наоѓа на 7. место на табелата во Премиер Лигата, а Мурињо има задача до крајот на сезоната да го доведе во првите четири тимови, па за ова во јануари планира да донесе некои засилувања за да го оствари тоа.