Џејмс без милост против “својот” Кливленд (ВИДЕО)

Кошаркарите на ЛА Лејкерс на домашен терен го победија Кливленд со 128:99.

Лејкерси ја запишаа 33. победа во оваа сезона, додека Кливленд сега има 28 порази. Домашниот тим во првата четвртина губеше 27:21, а на полувреме се замина со резултат 48:47 за гостите. Но, тогаш Лејкерси ставија во поголема брзина и започнаа да го “мелат” противникот.

Домашните второто полувреме го одиграа во фантастичен ритам и во еден момент имаа преку 30 поени предност. На крајот Кливленд успеа само да ја спушти таа разлика само под 30 поени.

Лејкерси до победа ги предводеше повторно Леброн Џејмс кој постигна 31 поен, осум асистенции и два скока против својот поранешен клуб, а се истакна и Двајт Хауард кој имаше 21 поен и 15 скокови.

Кај гостите Кевин Лав имаше 21 поен, 11 скокови и три асистенции.