Од бизарна причина Јирген Клинсман не е во можност да седи на клупата против Баерн


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Со доаѓањето на Јирген Клинсман на клупата, екипата на Херта од Берлин издвојува неколку добри натпревари и резултати.

Екипата од Берлин се придвижи кон средината на табелата, па следува дуелот против Баерн по паузата, каде ќе имаат тешка задача да дојдат до нови бодови.

На клупата против Баерн Клинсман нема да биде од бизарни причини. Тренерска лиценца му е истечена, па сегашната му е неважечка за Бундеслигата и тој нема да може да ја води Херта сè додека не го реши овој проблем.

Значи против Баерн, тимот најверојатно ќе го води еден од неговите асистенти, а Клинсман ќе мора да се позанимава со новата лиценца.