Федерер има магија во десната рака – го суреди и Крајиновиќ (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Роџер Федерер рутински се пласираше во третото коло на Австралијан опен откако со 3-0 во сетови го победи Филип Крајиновиќ.

Федерер го победи Крајиновиќ за час ипол, а српскиот тенисер на крајот освои само шест гема.

Швајцарецот на мечот имаше неколку прекрасни потези со кои го оправда епитетот на фаворит и на еден од најдобрите тенисери во историјата.

На средината на вториот сет Крајиновиќ одигра волеј, па мислеше дека ќе го освои поенот, но потоа популарниот Федерер врати на одличен начин.

Следниот предизвик на Федерер во поход на 21. гренслем-трофеј ќе биде Џон Милман.