Леброн со трипл-дабл ги уништи Нетси, Лилард го изрешети Далас (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Синоќа се одиграни само три натпревари во НБА лигата.

Лос Анџелес Лејкерс гостуваа во Бруклин, кои не најдоа начин да го запрат Лебон Џејмс.

Најдобриот кошаркар на денешницата во победата од 128:113 против Бруклин оствари трипл-дабл, постигнувајќи 27 поени со 12 скокови и 10 асистенции, додека Кајл Кузма и Ентони Дејвис погодија по 16 поени. Во тимот на Бруклин Кајри Ирвинг оствари 20, а Принц 18 поени.

Интересен беше натпреварот помеѓу Портланд и Далас, во кој гостите славеа со 133:125 и покрај 47 поена кои ги постигна Лилард. Лука Дончиќ оствари 27 поени со шест скокови и девет асистенции.

Ариза во Портланд оствари 21 поени, Трент 20, Антон 16 поени со 11 скокови и Вајтсајд 14 поени и 10 скокови. Кај домаќините Порзингис 20, Брансон и Кари по 17 поени.

Во Кливленд 124:112 беше за гостите од Вашингтон, а Бредли Бил одигра фантастичен меч погодувајќи 36 поени со осум скокови.

Секстон погоди 29 за домаќините, а Лери Ненс 22 со 12 скокови.