Спектакл на Австралијан опен: Ѓоковиќ закажа дуел со Федерер!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во полуфиналето на Австралијан опен со победата против Милош Раониќ од 3-0 во сетови.

Ѓоковиќ го почна многу добро мечот, иако Раониќ даде отпор во првиот сет. Тенисерите беа сигурни на своите сервиси, а при 4-5, Србинот успеа да направи брејк и да поведе со 1-0 во сетови.

Во вториот сет Ѓоковиќ имаше многу полесна работа. Српскиот тенисер рано стигна до брејк и поведе со 3-1, по што ја чуваше предноста до крајот и го доби сетот со 6-3.

Раониќ заигра многу подобро во последниот сет, во кој се бореше до самиот крај, односно тај-брејкот, каде што немаше многу сила против феноменалниот Србин, кој лесно стигна до 7-1.

Ѓоковиќ во полуфинале ќе игра против Роџер Федерер, кој се измачи во претходните два сета, кои ги играше во пет сетови.