Надал се скара со главната судијка: Ти не сакаш добар тенис! (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Шпанскиот тенисер Рафаел Надал и главната судијка Орели Турт имаа жесток дуел во текот на четвртфиналето на Австралијан опен во кој ривалот на првиот тенисер беше Доминик Тим, кој на крајот победи со 3-1 во сетови.

Судијата Турт во еден оа најважните моменти на вториот сет, по долга размена, го предупреди Шпанецот да го забрза сервисот затоа што ги преминал сите граници. Таа првиот пат му прости, но потоа Надал доби предупредување.

„Ти не сакаш добар тенис, ти не сакаш добар тенис“, повторуваше нервозниот Надал по предупредувањето, а потоа замина кај супервизорот Енди Егли за да разговара за целата ситуација.