„Мбапе треба да учи од Халанд ако сака да биде најдобар во светот!“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Младата ѕвезда на ПСЖ, Килијан Мбапе не игра како што треба во последниот период. Напаѓачот имаше караница со тренерот Томас Тухел, па постојано се шпекулира за неговото заминување од клубот.

Мбапе не беше најдобар ниту во мечот против Борусија Дортмунд, па веднаш доби критики поради неговиот настап, а француска легенда му испрати јасна порака на младиот играч.

„Ако сака да биде најдобар, Мбапе мора да погледне што прави Халанд за 90 минути. Одигра слаб меч против Борусија Дортмунд. Би му предложил да му биде инспирација настапот на Халанд“, кажа легендата на Франција.

Мбапе мора нешто да промени во играта, па останува да видиме дали овие критики ќе го направат подобар.