Повтрдено е враќањето на Стеф Кари


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Стивен Кари се враќа на подот по неколкумесечно отсуство, потврдија Голден Стејт Вориорс.

Големата ѕвезда на тимот од Сан Франциско ја пропушти речиси целата сезона, откако претрпе тешка повреда на раката, но таа е минато и Кари е подготвен да игра.

Овој фантастичен шутер се враќа во недела (1 март) против Вашингтон и сигурно ќе им значи многу на Воините, кои без него и Клеј Томпсон изгледаат навистина лошо оваа сезона и во моментов се најслабата екипа на лигата со однос 12-46.

Враќањето на Кари ќе им донесе многу во наредлниот дел. Тие најавија од Воините дека ќе сторат сé што можат за да добијат што е можно повеќе победи до крајот на сезоната, за да не останат на крајот на караванот во НБА.

Кари има одиграно само четири натпревари оваа сезона и има просек од 20 поени по натпревар, а судејќи според сцените од загревањето против Сакраменто, ќе гледаме вистинско шоу до крајот на сезоната.