Како ќе изгледа новата Барселона под палка на нов тренер


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Барселона во шпанската Ла Лига се наоѓа на позиција број два.  На третото место е Севиља која опасно се заканува, додека гледа во грбот на Реал од Мадрид.

Одиграни се само 16 кола, па така борбата за шампион ќе биде доста тесна и неизвесна до крај. Сепак, на Ноу Камп веќе размислуваат за иднината, но и за минатото.

Минатото се вика Луис Енрике, а името кое во иднина ќе седне на клупата на Барселона по тоа како сега стојат работите е Хорхе Сампаоли.

Овој Аргентинец моментално седи на клупата на Севиља, после што четири години правеше чуда како селектор на Чиле.

Голем е фан Лео Меси, и начелно ја прифати позицијата на нов тренер на Барселона, пренесува шпанскиот портал Дон Балон.

Од една утопија која ја водеше Унаи Емери во Севиља, Сампаоли има доста подруга – но очигледно  и успешна визија за фудбалот кога се работи за Севиља, која е како што рековме на третото место со многу мала бодовна разлика од Барселона и Реал.

Сампаоли е дизел гориво што ќе ги натера да си го тријат носот Барса и Реал, а од Севиља ќе направи европски бренд.

Троец кој ќе прави чуда

Наводно, Сампаоли веќе има три играчи кои ќе ги доведе во Барселона штом ќе седне на клупата.

Тврди дека му е потребен бек, централен и играч кој има променлив  офанзивно-дефанзивен менталитет.

Тој сака да најде вистински наследник на Чави Ернандез, а целата негова тренерска сила се базира на акумулација на играчите за врска кои го менуваат интезитетот на игра и синергија во напад и одбрана.

Наводно како што тврди Дон Балон, тој на некој начин ќе го уништи М (Меси) С (Суарез) Н (Нејмар) тандемот, со што ќе добие неопходно засилување во одредени делови натеренот каде што му е најмногу потребно.

Ви останавме должни за тие три имиња кои од сезоната 2017/18 треба да се најдат во ростерот на тимот од Ноу Камп. Прв е играчот на ПСЖ Бразилецот Маркињос. Тој моментално вреди 30 милиони евра, има 22 години и еден од најдобрите играчи на својата позиција.

Втор е Франко Васкез, актуелен фудбалер на Севиља, кој игра на позиција офанзивен играч за врска. Тој има аргентинско и италијанско државјанство и вреди 18 милиони евра.

Трет е уште еден играч на ПСЖ, а се работи за Лукас Моура, Бразилец кој е универзалец на теренот.

Сумата која се споменува дека може да ја плати Барселона е до 40 милиони евра.

Уште еднаш, возбудлило лето 2017 не чека – можеби и највозбудливо засега.