Проблем за Севиља, „Граѓаните“ ја „напумпаа“ цената за Французинот!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Екипата на Манчестер Сити очигледно сериозно смета на францускиот фудбалер, бидејќи поставија релативно висока цена за неговите услуги.

Самир Насри во ова лето премина на позајмица во редовите на Севиља.

На „Санчез Писхуан“ игра одлично, и нема сомнеж дека еден од најдобрите шпански клубови ќе сака да го задржи и после оваа сезона.

На 14 настапи за екипата на Хорхе Сампаоли запиша 3 погодоци и две асистенции, ќе имаше и повеќе настапи и веројатно подобар учинок да не го пропуштеше целиот ноември поради повреда.

Управата на Севиља сепак не ја договори цената за откуп на Насри по истекот на позајмицата, и Сити дури сега се одлучи колку го вреднува својот играч за врска.

Како што британски Телеграф пренесува, доколку Севиља сака да го задржи 29-годишниот Французин, ќе мораат на сметката на тимот од Итихад да уплатат 21 милиони фунти.

Со оглед на фунансиската стабилност на Манчестер Сити, логично е дека ова е релативно висока цена за Насри е само начин да го одбијат интересот на шпанскиот клуб и поранешниот фудбалер на Марсеј и Арсенал да го задржат на Итихад.