Враќање со стил: Надал подобар од Бердих во Абу Даби


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Шпанскиот тенисер Рафаел Надал се пласираше во ½-финалето во Абу Даби, откако го победи Томас Бердих.

Надал до победа против Бердих стигна со 6:0 и 6:4, по 1 час и 16 минути игра. Негов ривал во борба за финалето ќе биде Милош Раониќ.

Во второто ½-финале ќе играат Енди Мареј и Давид Гофин додека Бердих ќе игра со Цонга во борба за 5-то место.

Во дуелот со Бердих, Надал покажа моќ, а тоа посебно се виде во првиот сет, кој го освои без изгубен гејм.