Босанецот по кого „лудува“ Европа ќе заврши во Милан?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Најверојатно Милан ќе дојде до репрезентативецот на БиХ.

Според информациите кои ги пласираат  италијанските медиуми, најверојатно е дека Сеад Колашинац, фудбалерот на Шалке, ќе стане нов фудбалер на Милан.

Договорот е во завршните преговори и дека се ќе се заврши во скоро време, пишуваат Кориере дело Спорт.

Договорот на Колашинац му истекува на крајот од оваа сезона, а Милан му понудил четиригодишен договор со плата од 2.5 милиони евра годишно.

Сигурно е дека заинтересираносста за овој фудбалер е голема.

Медиумите пишуваа како го бараат тимовите од Премиер лига.

Оваа сезона, левиот бек на БиХ одигра 20 натпревари во Германската Бундес лига и постигна три гола.