Борусија Дортмунд ќе го отпушти Бош


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Питер Бош веројатно во следните денови ќе заработи отказ од менаџерската позиција во Борусија Дортмунд.

Ваквиот развој на настаните е со оглед на тоа што „милионерите“ не знаат за триумф во последните девет натпревари. Единствената победа им беше на крајот на октомври против третолигашот Магдебург во Купот на Германија.

Серијата слаби резултати ќе го направат своето и во следните денови Бош веројатно ќе треба да ги пакува куферите.  Армин Вех ќе го замени Холанѓанецот на клупата до крајот на сезоната, а потоа клубот од Дортмунд со сите сили ќе тргне по услугите на Јулијан Нагелсман од Хофенхајм.