Ангелов потпиша за Кремс


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поранешниот репрезентативен голман Петар Ангелов кариерата ќе ја продолжи во редовите на австрискиот клуб, Кремс.

Популарниот Диви ќе игра во клубот каде неколку сезони со успех настапува уште еден македонски интернационалец, Влатко Митков.

Ангелов кој кариерата ја започна во Тиквеш, а потоа играше и за сите најдобри македонски екипи (Пелистер, Металург и Вардар) со тимот на Кремс потпиша договор до крајот на сезоната со можност за продолжување на уште една сезона.