Залудни им се милионите на ПСЖ: Реал Мадрид беше пресилен за ПСЖ!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Реал Мадрид се пласираше во четврт-финале на ЛШ откако вечерва го победи ПСЖ во Париз со 2-1 во реванш средбата, додека резултатот во првиот меч беше 3-1 за „кралевите“.

Реал Мадрид осми пат по ред се пласира во четврт-финале на ЛШ, а досега секогаш поминувал до полуфинале. Тие оваа сезона ќе се обидат да ја освојат третата титула по ред во најелитното европско натпреварување.

Првото полувреме помина неочекувано мирно, а првиот гол падна во вторите 45 минути, кога Роналдо погоди за водство од 0-1. Само неколку минути подоцна ПСЖ доби црвен картон, па практично ги изгуби шансите за пласман понатаму, но не се предадоа и во 71 минута израмнија, но Касемиро во 80 минута ги постави конечните 1-2.

Во другиот меч кој се играше вечерва, Ливерпул и Порто одиграа 0-0, а тоа му беше доволно на клубот од Англија за пласман понатаму, откако во претходниот дуел победија со 5-0.