„Ми се закануваа дека ќе ме убијат, а исто така ме постојано ме навредуваа“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Данската тенисерка Каролина Возњацки пријави дека добила смртни закани на мастерсот во Мајами.

Таа беше поразена од Моника Пуиг, но поразот не и падна толку тешко колку однесувањето на навивачите на трибините.

„Пред неколку ноќи изгубив тежок дуел против одлична противничка и голема пријателка и свесна сум дека тенисот е игра на победа и пораз. Сепак, во текот на мечот публиката испраќаше смртни закани кон мене и моето семејство, а мене ме навредуваа со грди имиња“, вели таа.