Валдано: Аргентина може да ја спаси само – Меси!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерите на Аргентина одиграа катастрофално против Шпанија, а така тврди и нивниот сонародник Хорхе Валдано.

„По поразот од 6-1, репрезентацијата мора да работи уште многу, но и да размислува. Резултатот беше ужасен и тоа што се случи на теренот е катастрофално. Ние не смееме да губиме такви натпревари“, вели Валдано.

„Единствен кој може да ги спаси Аргентинците е Меси“

Светскиот вицешампион ќе игра во група Д со Хрватска, Исланд и Нигерија на Мундијалот во Русија.