Со право е „крал на земјата“: Надал 11 пат победник во Монте Карло


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Рафаел Надал го освои 11тиот Мастерс во Монте Карло откако во финалето доминантно славеше против Јапонецот, Кеи Нишикори со 2:0 (6-3, 6-2).

Надал во текот на целата недела доминираше во Монте Карло, а истото го стори и против Нишикори во денешниот финален натпревар.

Јапонецот добро ја отвори средбата и направи брејк во третиот гем, па поведе со 2:1. Сепак, Надал со два врзани брејк поени го возврати ударот и го освои сетот со 6:3.

Ако Нишикори во првиот сет направи добар отпор, тоа не може да се речи за во вториот затоа што Надал беше извонреден од почетокот до крајот и во ниту еден момент не остави Јапонецот да се надева дека ќе стори нешто на овој натпревар.

Шпанецот го освои Монте Карло без ниту еден изгубен сет, а ова му беше вкупно 11. трофеј на земјата во Кнежеството.