Македа со гол од аут донесе голема победа за Вардар


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ракометарите на Вардар славеа голема победа на гостувањето кај Кил со 29:28 и со тоа значително си ги зголемија шансите за пласман на фајнл фор турнирот.

Избраниците на Раул Гонзалез имаа одлично прво полувреме кое го добија со 14:12 и токму по првите 30 минути најавија дека во Германија се дојдени по позитивен резултат.

Сепак, во вториот период се разбрани голманот на домаќините, Никлас Ландин, кој во првиот дел забележа само четири интервенции. Добрата игра во одбраната и смиреноста во нападот на Кил доведоа до преземање на водството кое траеше се до последните моменти од средбата.

Имено, на две минути до крајот Вардар имаше негатива од еден гол разлика (28-27). Во тој момент следеше исклучување за Винчек, а Дибиров успеа да го изедначи резултатот. Домаќините тргнаа без голман кон конечна победа, но направија кардинална грешка која ја искористи Македа кој од својата половина, од аут, ја затресе празната мрежа на Кил.

Реванш средбата се игра на 29 април во Скопје кога се очекува да „гори“ Спортскиот центар „Јане Сандански“.