Рома се „опари“ од Лигата на шампиони – заработиле 99,2 милиони евра!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерите на Рома пред два дена го завршија своето патување во Лигата на шампиони. Сите беа разочарани поради елиминацијата од Ливерпул и откако останаа без можност да се борат во финалето.

Сепак, кога ќе се смират, нема да бидат многу тажни, зашто заработија многу пари. Тие од УЕФА бонуси и продажба на дресови заработија околу 81 милион евра, а кога ќе ги додадеме и другите 18,2 милиони евра од продажба на влезници, тогаш доаѓаме до сума од 99,2 милиони.

Овие пари ќе го стабилизираат клубот, па тие нема да мора да ги продаваат најдобрите фудбалери поради финансискиот фер-плеј.