Венгер: Зависник сум од фудбал, па затоа ќе останам во него!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Францускиот тренер, Арсен Венгер во мечот со Хадерсфилд за последен пат го водеше Арсенал, а по натпреварот кажа дека ќе остане во фудбалот.

Венгер ги напушта „топчиите“ по 22 години, поради што во 22. минута од мечот беше поздравен од навивачите.

„Не знаев што се случува, беше фантастично. На посебен начин сум поврзан со стадионов, зашто Херберт Чемпен во Арсенал стигна од тука, а тој е наш најголем менаџер. Дефинитивно останувам во фудбалот“, кажа Венгер.