Седум члена заминуваат заедно со Венгер од Арсенал


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Венгер го заврши својот престој во Арсенал, па сега бара нов клуб, а интересно е тоа што заминуваат и седум членови од екипата.

Колин Левин е еден од нив, тој е 23 години во клубот и досега работеше во медицинскиот персонал.

Ниту Бенфилд, кој е еден од тренерите на првиот тим и е во екипата 20 години, не им треба. Гери Пејтон е уште едно име. Тони Колбер, како и Пол Џонсон исто така заминуваат.

Седмиот е Боро Приморац, кој му беше асистент на Венгер. Единствени кои остануваат од старата гарда се Јенс Леман и Стиви Болд.