Пеп призна дека Сити нема да троши како минатата сезона


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола истакна дека клубот не може да си дозволи да потроши исто толку пари колку минатата сезона.

Шпанецот изјави дека не може од клубот да вложуваат по 300 милиони фунти секоја сезона и дека годинава ќе донесат значително помал број на засилувања.

„Ќе потпишеме договор со еден или двајца фудбалери, ништо повеќе. Не можеме да инвестираме. Можеби луѓето не ми веруваат, но ние немаме пари да инвестираме по 300 милиони фунти секоја сезона.

Инвестираме многу пари, а во иднина тоа ќе биде со помала вредност затоа што тоа што се прави во два, три преодни рока ние го сторивме во еден“-коментираше Гвардиола.