Скај Спортс: Арсенал го контактираше и Виера, Французинот разочаран


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Од таборот на Скај Спортс доцна синоќа објавија дека Арсенал го контактирал Патрик Виера за испразнетото тренерско столче во клубот.

Сепак, Французинот веднаш го одбил повикот сметајќи дека од таборот на „топчиите“ тоа го направиле само за да покажат добар гест кон играчот кој долги години ги бранеше боите на овој клуб.

Наводно Виера бил разочаран поради тоа и поради фактот што не бил меѓу првите контактирани кандидати и се одлучил да го одбие повикот на Газидис.

Од ден на ден станува се појасна ситуацијата околу новиот тренер на Арсенал. Тоа веројатно ќе биде нивниот поранешен играч и досегашен асистент на Гвардиола, Микел Артета.