Се е подготвено за Ролан Гарос, победниците добиваат вртоглава сума на пари


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Вториот тениски Гренд Слем оваа сезона, Роланд Гарос ќе започне на 27 мај и ќе трае до 10 јуни.

На терените во Париз ќе продефилираат најголемите тениски ѕвезди, а сите со нетрпение го очекуваат враќањето на Новак Ѓоковиќ по одлично одиграниот Мастерс во Мадрид.

Титулата во машка конкуренција ќе ја брани Рафаел Надал, додека кај жените Јелена Остапенко.

Апсолутен владетел на земјената подлога на Роланд Гарос е Рафаел Надал кој ќе се обиде да стигне до својата 11 титула во Франција.

Победникот на ова натпреварување ќе инкасира околу 2, 2 милиони евра.