Избран најдобриот тим во Лигата на шампионите


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Од Европската ракометна федерација (ЕХФ) го избраа најдобриот тим од регуларниот дел од сезоната во Лигата на шампионите.

Во него се најде и голманот на Вардар, Арпад Штербик кој блескаше помеѓу стативите за „црвено црниот“ тим од Скопје.

Покрај Штербик во најдобриот тим на сезоната се УВе ГЕнсхајмер,  Сандер Сагосен и Никола Карабатиќ од ПСЖ,  Бјарте Мирло од Скјерн, Дика Мем од Барселона и Давид Балагуе од Нант.

Нашиот Вардар утре во полуфиналето од 18:00 часот се среќава со тимот на Монпелје во обидот да го одбрани шампионскиот трон.