Барселона, Челси, Арсенал, Наполи? Сепак Вест Хем!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Според пишувањата на Дејли Стар, нов фаворит за доведување на фудбалерот на Ница, Жан Мишел Сери е Вест Хем.

Лондонскиот клуб се наоѓа сега во пол-позиција, иако за овој играч беа заинтерисрани Челси, Арсенал, па дури и Барселона беше заинтересирана минатото лето.

Се чека и исходот на последниот разговор на агентот на играчот со Наполи, но тешко дека ќе најдат заеднички јазик со Де Лаурентис.

Се очекува Ница да инкасира 35 милиони фунти од овој траснфер, колку што изнесува неговата откупна клаузула.