Ниту казната не ги запира „росонерите“: Милан се договори со ѕвездата на Лацио!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Напаѓачот на Лацио, Чиро Имобиле, соопштил дека постои можност за трансфер во Милан, и покрај тоа што тие нема да играат во европските натпреварувања.

Џанлука Ди Марцио вели дека „росонерите“ се блиску до договор со Имобиле и наскоро ќе биде официјално претставен во Милано.

Имобиле беше фантастичен минатата сезона и постигна 29 гола на 33 натпревари во Серија А, односно 41 гол на 47 натпревари во сите натпреварувања.

Ситуацијата во Милан уште е бурна, па не е познато дали Јонгхонг Ли ќе остане сопственик или наскоро ќе пристигне нов газда.