Перез има луда идеја: Манчестер и Реал прават трампа на деценијата!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Диарио Гол“ пишува дека претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, сака да го испрати Кристијано Роналдо во Манчестер јунајтед, а како замена да го добие Ромелу Лукаку.

Претходно, „Марка“ пишуваше дека наводно Роналдо се договорил да биде намалена неговата откупна клаузула на само 120 милиони, но тоа потоа беше демантирано.

Перез сака нова ѕвезда во нападот бидејќи Карим Бензема не му се допаѓа и сака да го замени.

Лукаку досега одигра фантастично на Светското првенство во Русија, а очигледно ќе го очекува возбудливо лето.