Кербер и Серена во финалето на Вимблдон


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Германската тенисерка Анжелик Кербер е првата финалистка на неофицијалното светско тениско првенство, Вимблдон.

Германката со 2:0 по сетови без поголем проблем славеше против Јелена Остапенко. Кербер и двата сета ги доби со по 6:3 и стана првата финалистка на Вимблдон.

Нешто подоцна за еден час и десет минути игра Серена Вилјамс ја совлада Жулиа Гергес исто така со 2:0 по сетови (6:4, 6:2) и со тоа ќе игра во своето десетто финале на Вимблдон.

Легендарната Серена ќе го брка својот 24 трофеј на големите гренд слем турнири, а против Анжелик Кербер има вкупен скор од 6:2 по натпревари.