Кој е подобар – Меси или Роналдо? Руни без дилема го одбра својот фаворит!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Англискиот напаѓач Вејн Руни по една сезона одлучи да го напушти Евертон и кариерата ја продолжи во САД.

Пред неколку недели искусниот фудбалер потпиша договор со Ди-Си јунајтед и така ја исполни својата желба еден ден да игра во американската МЛС-лига.

Во интервју за американските медиуми Руни зборуваше за својата кариера, а исто така доби прашање за тоа кој е подобар – Кристијано Роналдо или Лионел Меси.

Тоа што ги изненади многумина е што Руни не размислуваше ниту момент, туку кажа веднаш дека Меси е најдобар играч во светот.

„Кој е подобар? Меси. Тоа се најверојатно двајцата најдобри играчи во историјата, но едноставно јас мислам дека Аргентинецот е подобар“, кажа Руни.