Челси мора брзо да реагира, стигнува замена за Куртоа


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Тибо Куртоа не е сеуште официјално нов член на Реал Мадрид, но набрзо ќе стане.

Повеќе пати во изминатите неколку месеци Тибо Куртоа изрази желба да го напушти Челзи и да се пресели во Мадрид каде се наоѓа неговото семејство.

Сепак, тоа сеуште не се случило, но најверојатно ќе се случи во наредните денови пренесуваат угледни европски медиуми.

Имајќи во предвид дека преодниот рок за англиските клубови завршува во четврток, Челси ќе мора брзо да реагира и да доведе замена за белгискиот голман кој е прогласен за најдобар на Мундијалот во Русија.

Челси би требало да заработи преку 30 милиони фунти за трансферот на Куртоа, а тие пари би можеле да ги искористат за некој нов голман.

Се работи за голманот кој настапува за Билбао, беше мета на Реал Мадрид во претходниот период, а и Барселона беше заинтересирана за него. Но доколку Челси испрати понуда која не се одбива, нема сомнеж каде 23 годишниот голман ќе ја продолжи својата кариера.