Вучевиќ: ЛеБрон е најдобар, а Новицки посебно го почитувам


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Црногорскиот центар на Орландо, Никола Вучевиќ говореше за Eurohoops и во таа прилика кажа кој е за него најдобар на светот.

„Како дете отсекогаш сакав да одам во кампови да запознавам играчи да разговарам со нив и да се сликам. За мене ова е возбудливо и ме прави среќен. Децата убаво си поминаа а и јас со нив“.

Потоа Вучевиќ се осврна на Леброн и откри што го прави најдобар.

„Тој е најдобар на светот, добро ја познава играта и паметен е. Едноставно Леброј може да направи се. Дури и неговото присуство на теренот прави неговите соиграчи да се чуствуваат подобро. Некои играчи го имаат тоа, великани се, а очигледно тој е еден од нив“, изјави Вучевиќ.

Тој се осврна и на Новицки

„Никој не игра како него. Им помогна на високите играчи на излезат од својата зона на  комфорот и да шутираат повеќе. Играњето за истата франшиза толку години е нешто неверојатно и секако дека го почитувам“, додаде Вучевиќ.