Ѓорческа против Дејвис ќе го почне УС-опен


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа, доби право да се натпреварува во квалификациите на УС-опен, а денеска ја дозна и својата прва противничка.

Ѓорческа во последните два месеци одигра неколку турнири, на кои имаше падови и успеси, но сега доаѓа нова шанса за докажување и тоа на последниот грен-слем турнир во сезоната – УС-опен.

Ѓорческа ќе игра против поранешната 26. тенисерка во светот и тоа утре од 17 часот, а подобрата од нив ќе игра против подобрата од средбата помеѓу Џуксуан Жанг и Јана Фет.

Нашата тенисерка годинава доби навистина тежка ждрепка во квалификациите, па се надеваме дека ќе ги изненади фаворитите и ќе постигне што може подобар успех.