Порано беше најдобра во светот, а сега повеќе ја нема на ВТА-листата!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поранешната најдобра тенисерка во светот, Јелена Јанковиќ, од понеделник повеќе нема да се наоѓа на ВТА-листата.

Таа таму влезе на 19. март 2001. година и остана таму до десети септември 2018. година.

Последниот официјален натпревар Јанковиќ го одигра на Ју-Ес опен во 2017. година и тоа во двојки. Не се пензионираше официјално, но тоа го најави неколкупати.

Јелена во 2008. година беше најдобра во светот, а таа година играше и финале на Ју-Ес опен, а има освоено и 15 титули.

Во февруари наполни 33 години и тешко може да се очекува нејзино враќање поради тоа што имаше многу повреди.