Сестрата на Роналдо порача: Сакате да го уништите мојот брат, ќе платите голема цена за овие солзи


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


И ова утро во центар на вниманието е црвениот картон кој Роналдо го доби на средбата против Валенсија во ЛШ.

Неговиот Јувентус ја победи Валенсија на Местаља со 2:0, а Роналдо средбта ја напушти порано поради црвениот картон.

После натпреварот се огласи и сестрата на Португалецот. Таа на социјалните мрежи го напиша следново:

„Срамота е за фудбалот. Правата ќе излезе на виделина.Тие сакаат да го уништат мојот брат, но Бог никогаш не спие. Ќе платат голема цена за овие солзи. Тие сакаат да го спуштат на земја, но нема да успеат“, напиша таа.

Сега останува да видиме на колку натпревари ќе го суспендира УЕФА Португалецот.