Дури и Серхио Рамос ги критикуваше Роналдо и Меси


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Наградата за најдобар фудбалер на светот ја доби Лука Модриќ кој имаше најмногу гласови од селеторите и капитените на репрезентациите од целиот свет. Модриќ во оваа конкуренција беше подобар од Роналдо и од Салах.

Доста прашина се крена поради тоа што најдобрите играчи во светот Меси и Кристијано одлучија да не присуствуваат на церемонијата во Лондон. Двајцата добија големи критики, а посебно Роналдо кој беше многу близу до освојување на наградата. Од друга страна веќе неколку седмици се знаеше дека Меси заврши тек на петтото место.

Критики за најдобрите играчи во светот даде и капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос, кој порача дека ваква церемонија заслужува тие да бидат присутни.

„Сметам дека Крис и Месии се најдобри фудбалери во светот. На ваква церемонија каде што се бира најдобриот играч во светот заслужува да бидат присутни најдобрите фудбалери. Би сакал Лео и Крис да дојдоа, но тоа е нивна одлука. Што се однесува до Лука, драго ми е што тој ја доби наградата после нееројатната сезона“, порача Рамос.