Сколс го критикуваше Мурињо: Ти си срам за Манчестер јунајтед!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Легендарниот фудбалер на Манчестер јунајтед, Пол Сколс, го критикуваше тренерот Жозе Мурињо.

Јунајтед ја продолжи лошата серија против Валенсија, па сега неколку натпревари не знаат за триумф.

Главна мета на критики на навивачите и легендите на клубот повторно беше тренерот на екипата.

Иако Мурињо кажа дека е задоволен со резултатот и дека Јунајтед бил блиску до победа, со него не се сложува Сколс.

„Ме чуди како седи уште на клупата по поразот од Вест хем во првенството. Не разбирам зошто не го избркаат. Тој е срам за клубот“, кажа Сколс.

Во моментов Јунајтед се наоѓа на десетата позиција во Премиерлигата по седум одиграни кола.