Манчестер тоне во проблеми: УЕФА почна постапка против Јунајтед


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Манчестер јунајтед се соочува сезонава со страшни проблеми, како на терените, така и во соблекувалната.

Јунајтед веќе три натпревари не знае за победа, а притоа тренерот Жозе Мурињо не е во добри односи со фудбалерите.

Но, тоа не е сè бидејќи сега УЕФА почна нова постапка против „црвените ѓаволи“, кои доцнеа на натпреварот против Валенсија.

Очигледно Јунајтед има проблеми и во организацијата, па поради задоцнувањето на дуелот, кој почна пет минути подоцна од очекуваното им се заканува казна.

УЕФА почна постапка, а наскоро ќе дознаеме каква ќе биде казната за клубот од „Олд Трафорд“.