Мирор: Мурињо добива отказ од Манчестер Јунајтед


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Англискиот медиум „Дејли Мирор“ пренесе дека Жозе Мурињо ја изгубил довербата од раководството на Манчестер Јунајтед и е пред отказ овој викенд.

Извори од клубот за „Мирор“ потврдиле дека работата стигнала до точка која нема враќање, и дека без разлика на резултатот против Њукасл, Португалецот ќе добие отказ од Манчестер Јунајтед.

Во последните неколку месеци Португалецот е најомразена фигура на „Олд Трафорд“ и многу фанови на клубот го чекаат неговото заминување.